Ekoturist

Поддржано од Европска Унија

Преспанска Разгледница

Преспанска Разгледница

300.00

Преспанскиот регион е сместен на Балканскиот Полуостров, на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Албанија и Грција. Оваа област се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука може да се сретнат разновидни биотопи – езера, планина и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики. Езерата Мала Преспа и Голема Преспа се меѓу најстарите езера во Европа, и затоа во нив може да се најдат голем број на ендемски видови. Регионот се смета за значаен резервоар на биодиверзитетот и природната продукција.
Време на турата: 3 дена

Clear dates

Category:

Description

Тридневна тура, започнува во 17 часот во село Брајчино, (придружба ќе ве чека на место викано Макази-клучката за влез во Ресен од 16-16,30 ч). Сместување во приватна куќа. После краток одмор и освежување,се започнува со приготвување на вечера на гостите и готвачите заедно. Ќе се приготвуваат локални специјалитети.
Втор ден
Појадок во 9 часот. Во 10 часот поаѓање за Манастир Курбиново, којшто датира од 1191 година од владеењето на Комненската династија, потоа посета на Етно музеј с. Подмочани на Јоне Ефтимовски, со 2000 уметнички предмети. Посетителите можат да купат и сувенир. Вклучен е ручек во еден ресенски ресторан, потоа прошетка до Домот на култура-Сарај во Ресен,каде што ќе учествувате во изработка на слики од сламки. Неодминлива е и Керамичката колонија со светски позанти уметници и комеморативната поставка на сликарката Кераца Висулчева и Спомен куќата на Христо Татарчев.
Трет ден
Појадок од 9 и прошетка низ планина и Манастирот Св.Петка од 9 век, с. Љубојно и поздравен ручек кон дома.
Во цената е вклучено:
• Две ноќевања со појадок
• Два ручеци
• Две вечери
• Влезници
• Превоз
Тридневна тура во Преспанскиот еколошки ентитет од глобално значење, богат со езера, планина и шуми, манастири, галерии на светски уметници, етно музеј и спомен куќа.
Цената на турата е по лице
Турата мора да се резервира 5 дена однапред

Кратка напомена: Бидејќи селото Брајчино се наоѓа на надморска висина од 1000м, а исто и цела Преспа е на надморска висина над 850м,носете си малку потопла облека

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Преспанска Разгледница”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *