Ekoturist

Поддржано од Европска Унија

Заштитено подрачје Јасен

Заштитено подрачје Јасен

440.00

Недопрена природа во забранета зона – заштитено подрачје Јасен
Почувствувајте ја прекрасната недопрена природа и шанса да се видат диви животни и ендемски видови на растенија кои ги има само во ова заштитено подрачје. Можност да се “ловат“ диви животни со фотоапарат, преку ден и преку ноќ, да се долови уникатната убавината на кањон. Набљудување на ѕвездите во планина е незаборавно искуство. Специјалитетите од дивеч, кои можете да ги приготвувате и вие самите со помош на професионален готвач, исто така се неизбежен дел од менито на релаксираните ручеци во природа.
Време на турата: 2 дена
Група:7 луѓе
Закажување: 10 дена однапред

Clear dates

Category:

Description

Во цената е вклучено:
1 ноќевање во ловечки објекти
Појадок, ручек, вечера, безалкохолни пијалоци и посно мени
Превоз до и низ подрачјето на Јасен
Професионален фотограф
Локален водич
Едукација за ендемските видови на растенија од дипломиран професор
Професионален готвач за приготвување на дивеч
Во цената не е вклучено:
Алкохолни пијалоци
Разни лекарства

Ден 1
09:30 часот собирање на групата на железничка станица
10:00 часот тргнување кон Јасен
11:30 часот пристигнување на местото наречено Кула каде ќе има кафе пауза
12:00 – 15:00 часот се оди на местото наречено Урнат камен каде ќе има прекрасен пејсаж на голем дел од Македонија и тргнување кон местото Селиште
15:30 – 16:30 часот ручек
16:30 – 19:00 часот тргнување по пешачките патеки до реката Оча и водопадот од бигор, искуство кое мора да се доживее
19:00 – 21:00 часот вечера
21:00 часот одење во природа на место каде што може да се набљудуваат ѕвездите, искуство кое не се пропушта
Ноќевање
Ден 2
07:00 – 08:00 часот појадок
08:00 – 15:00 часот заминување кон местото наречено Борополе каде ќе се види фантомската пештера и огромната јама
15:00 часот ручек и заминување дома

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Заштитено подрачје Јасен”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *