Ekoturist

Поддржано од Европска Унија

Лов на пернест дивеч во Велешкиот регион

Лов на пернест дивеч во Велешкиот регион

1,000.001,400.00

Во централна Македонија во регионот „Азот“ оддалечен од градот Велес окулу 40 км. се наоѓа чиста планинска идила со прекрасни пејсажи и богата историја. Место со осебности кои ги поседува, скриено и заборавено, но сега достапно да ги почувствуваме сите тајни на природата и мистериозната историја. Велешкиот регион изобилува со терени за лов на крупен, ситен и пернест дивеч. Разновидната ловина и богатството на ловина го прават овој регион доста атрактивен.
• Време на турата: 2 ноќи/3 дена
• Цената е по лице

Clear

Clear dates

SKU: N/A Category:

Description

Организацијата на овој туристички пакет е комплетна и во него влегуваат следните услуги:
* Организирано сместување и храна:
* Во Апартман во близина на ловиштето обезбеден пансион.
* Организирани обучени ловци водичи кои целосно ќе го организираат ловот.
* Обезбедени дозволи за лов
* Обезбеден превоз на гостите со теренси возила
* Обезбедено оружје за лов
* Обезбедени кучиња за лов
* Обезбеден превоз од сместувачките капацитети до ловиштата
* Обезбеден водич за анимација на гостите

Ден 1
* Пристигнување на гостите во Азотскиот регион во 16:00.
* Сместување во Апартман во село Оморани.
Запознавање на гостите со локалните знаменитости и информирање за детали за турата.
* Вечера во 19:00
– локални специјалитети.

Ден 2
* Доручек во 6:00 во Хотелот или Апартманот
– во селската фурна припремен доручекот е спремен од јадења од теста и локални специјалитети.
* Во 07:00 Организиран транспорт до ловиштето
* Ручек во 16:00
– Во Ресторан во село Војница
* 17:00 Посета со организиран превоз на селото Богомила и знаменитостите во селото.
Запознавањето на гостите со Богомилското движење топонимите, разликите кои се помеѓу богомилите и православните христијани посета на мостот во Богомила.
Посета на музејска поставка во село Бистрица за богомилското движење и етно поставка.
* Вечера во 21:00
* во Апартманот Оморани

Ден 3
* Доручек во 6:00 во Апартманот Оморани
– локални специјалитети.
* Во 07:00 Организиран транспорт до ловиштето
* Ручек во 14:00
– На отворено со локални специјалитети од дивеч
* 17:00 Продолжување на ловот
* Организирана Вечера и забава во 21:00 со народна музика на народни инструменти (учество на гостите во интерпретацијата на музиката со ударни инструменти).
* во 08:00 појадок локални специјалитети
* 10:00 пристигнување во Велес и посета и испраќање на гостите

Additional information

Smestuvanje

,

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Лов на пернест дивеч во Велешкиот регион”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *